Тонали ја оправдува титулата „новиот Пирло“: Деби голот во дресот на Милан е копија на италијанската легенда (видео)

Милан демонстрираше сила во убедливиот триумф од 4-1 над Калјари, а патот до трите бода го отвори Сандро Тонали со маестрален погодок од слободен удар во 12-тата минута од натпреварот.

За младиот играч за врска тоа беше деби-гол во дресот на Росонерите, иако ја започна втората сезона како член на седумкратниот европски шампион. Доказ дека во него се кријат карактеристики на легендата Андреа Пирло е фактот што голот го постигна од идентична позиција како и првиот погодок на Пирло во црвено-црниот дрес.

Пирло својот прв погодок за Милан го забележа во март 2002 година против Парма од слободен удар, а случајно или не, позицијата беше иста од која Тонали вчера мајсторски ја затресе противничката мрежа.

https://streamable.com/vmcdrl

- Оглас -

Најнови вести