Тонали потпиша за Тотенхем во рекорден трансфер за италијански фудбалер

Италијанскиот фудбалер Сандро Тонали е нов член на Тотенхем. Тонали на лондонските Петли им се приклучува откако тие за него на Њукасл му платија отштета од 117 милиони евра. Договорот е на 6 години, а неделната плата на играчот ќе изнесува 275.000 фунти.

Ова е рекорден трансфер на еден Италијанец и втора најскапа продажба во историјата на Њукасл, поскапо го продадоа само Александер Исак во Ливерпул.

Минатата сезона Италијанецот одигра 53 натпревари за Чавките, постигнувајќи 3 гола и запишувајќи 7 асистенции. Њукасл го купи Тонали од Милан во 2023 година за 60,8 милиони евра, а сега го продаде речиси двојно поскапо. Клучен човек во целиот процес беше новиот менаџер Роберто де Ѕерби, кој инсистирал да се донесе неговиот сонародник Тонали.

- Оглас -

Најнови вести