Домаќини луѓе – Јапонците нѐ дочекаа на Олимпијадата со „Напред Македонија“ (Видео)

Јапонците и посветија внимание на македонската олимписка делегација, а во Чигасаки, град кој ќе биде домаќин на нашите спортисти на Летните олимписки игри македонските олимпијци беа пречекани на највиско ниво.

Домаќините објавија и видео на кое градоначалникот Хикару Сато, неговиот заменик Коџи Киши и обични луѓе со паролата „Македонија напред“ им посакаа успех на нашите спортисти.

Олимпијадата ќе се одржи во Токио од 23. јули до 8.август, а Македонија ќе ја претставуваат 8 спортисти.

Магомедгаџи Нуров во борење слободен стил 97 килограми е кандидат и за медал, а покрај него во македонската експедиција се и Миа Блажевска-Еминова во пливање 100 метри, Борјан Бранковски во спортско стрелаштво 10 метри воздушен пиштол, Дејан Георгиевски во таеквондо +80 килограми, Филип Деркоски во пливање 400 метри, Пулексенија Јованоска во карате Ката, Арбреша Реџепи во џудо – 52 килограми и Јован Стојоски во атлетика 400 метри.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести