Тошиќ ги вози децата во трактор, што ли ќе каже жена му на ова? (Видео)

Некогашниот српски репрезентативец Душко Тошиќ паузата во кинеското првенство ја искористи за да занимава малку со земјоделство во селото Орловат, во кое тој порасна.

Играчот на Гвангжу го јавна тракторот и објави видео во кое покажува каков тракторист е, притоа слуша народни песни, а со него беа и ќерките кои ги има со сопругата Јелена Карлеуша. Пејачката честопати во јавност искажува згрозување од селски работи и рурален начин на пеење, па ако тоа навистина и го мисли, нема да биде задоволна кога ќе види и ќе слушне како Душко ги воспитува децата.

- Оглас -

Најнови вести