Тотенхем има мака – Никој не сака да продолжи договор со европскиот вицешампион

Тотенхем има големи маки за да го убеди квартетот стандардни првотимци да ги продолжат договорите. На англискиот репрезентативец Дени Роуз сега му се приклучија и бековите Тоби Алдервејрелд и Јан Вертонген и еден од главните играчи за врска во тимот Кристијан Ериксен.

Роуз има активен договор со европскиот вицешампион што трае уште 18 месеци и одбива да си замине, па ќе чека да биде слободен играч за да ја смени средината.

Сега и триото Алдервејрелд, Вертонген и Ериксен има иста цел и одбиваат да ги продолжат договорите. Сите тројца ќе можат да си заминат од клубот како слободни играчи идното лето.

Таквата варијанта не му одговара на Тотенхем, па раководството на клубот ќе сака да ги продаде веќе оваа зима ако не успее да ги убеди да го продолжат престојот во Лондон со нови договори.

- Оглас -

Најнови вести