Тотенхем одреди вртоглава цена за својот најдобар фудбалер, кој ќе ја плати?

Тотенхем се доведе до ситуација да размислува околу евентуална продажба на својот најдобар фудбалер Хари Кејн. Еден од најопасните напаѓачи во Премиер лигата е на половина од својот шестгодишен договор со клубот од Лондон, а во меѓувреме се појавија нови шпекулации околу неговата иднина.

Наводно, Тотенхем одреди вртоглава цена од 150 милиони фунти, што би било британски рекорд доколку некој гигант се одлучи да го ангажира англискиот репрезентативец.

Евентуално заминување на Кејн ќе биде извесно доколку тимот на Жозе Мурињо не успее да се пласира во Лигата на шампионите оваа сезона, што би била втора сезона во низа за Тотенхем без настап во најсилното клупско континентално натпреварување.

Во минатото гигантите од Манчестер, Сити и Јунајтед беа најзагреани за потписот на Кејн, меѓутоа според моменталната ситуација и загубите на гигантите поради пандемијата со корона-вирусот, речиси да нема клуб кој може да ја издвои астрономската сума за ангажман на расниот голгетер.

Кејн моментално игра одлична сезона со вкупно 21 погодок во 32 натпревари, од кои 13 му се во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести