Тоти: Не ја гледам Рома во Топ 3 во Серија А

Франческо Тоти, легендата на Рома и неодамнешен директор во клубот, не верува многу во квалитетите на Римската волчица. Според Принцот од Рим, екипата нема квалитет да се бори не само за титулата, туку да биде и во Топ 3 во Серија А за оваа сезона.

„Не сум многу голем оптимист околу тоа дека може да се бори Рома во трката за место кое води во Лигата на шампионите. Би сакал да грешам, но за 30 години, колку што сум во фудбалот, уверен сум дека имам добро око. Мислам дека многу навивачи како мене очекуваа да видат тим кој ќе се бори за елитното натпреварување, но мислам дека во моментов Јувентус, Интер и Наполи имаат посилни екипи. Мислам дека место во Топ 3 не е реална опција, но сè е можно. Според мене, реално е Рома сезонава да се бори за освојување на четвртото место“, рече Рома.

Првиот посериозен испит Рома ќе го има викендов, кога на „Олимпико“ ќе го игра големото градско дерби против Лацио.

 

- Оглас -

Најнови вести