Тоти: Салах не сакаше да си замине од Рома, го продадовме!

Легендата на Рома, Франческо Тоти, раскажа на каков начин си заминал Мохамед Салах во летото 2017 година. Египќанецот од Рома прејде во Ливерпул, и стана еден од најдобрите фудбалери на светот, но малку фалело неговата кариера да имала поинаков тек.

„Салах не ја напушти Рома. Клубот имаше финансиски проблеми и мораше да продаде некого. Салах беше баран на пазарот, па го продадоа. Сакам да појаснам дека тој не си замина од Рома по своја волја. Луѓето не знаат точно каква беше вистината за трансферот во Ливерпул“ – вели Тоти.

Црвените од Ливерпул за Салах платија 42 милиони евра и тоа е најдобар потег на клубот во последните 20 години. Во првата сезона во Ливерпул, популарниот Фараон имаше 44 гола и 16 асистенции. Судбината сакаше во истата таа сезона 2017/2018 тој да се сретне против Рома во полуфиналето во ЛШ, и во победата од 5-2 на „Енфилд“, даде два гола и додаде две асистенции.

- Оглас -

Најнови вести