Традицијата продолжи, тешка победа на вардарци против Нексе

Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа незгодниот Нексе со 27-26 во натпревар од регионалната СЕХА-лига и сега Црвено-црните од два настапи имаат две победи во групата Б. Со овој меч почна пеколниот февруари за Вардар 1961, кој месецов треба да одигра дури девет меча, а сега му следуваат седум февруарски средби во Лигата на шампионите.

Талески и пеналџијата Чупиќ (четири погодоци му беа од седум метри) со по 6 гола беа најефикасни кај Вардар 1961, приновата Шеваљевиќ имаше една асистенција, а придонес дадоа и други поединци. Борко Ристовски имаше седум одбрани, а се истакна во финишот кога имаше две одбрани по ред на 20 секунди до крајот, со што ги спречи противниците да го изедначат резултатот.

Фото: Денис Дуковски

- Оглас -

Најнови вести