Традицијата вели дека Далас ќе ги истреби Којотите од Аризона

Далас старс – Аризона којотс (02:30ч)

Во февруари 2012 година Аризона за последен пат се израдува во „Американ ерлајнс центарот“, а од тогаш Далас доби 12 последователни дуели против Којотите на домашен терен. Ако се знае дека тексашката екипа се бори за лидерската позиција на Западот, таа традиција против Аризона треба да продолжи и во средбата која ќе се одигра ноќеска.

За домаќините дополнителен плус е што нивниот противник има негативен биланс на гостувања, Аризона сезонава претрпе вкупно 17 порази на непријателско тло, но Далас загуби три од последните пет меча кои ги одигра пред свои навивачи, факт кој треба да се земе предвид. Сепак, Којотите вечерва нема да се спасат и од Далас ќе си заминат со полна мрежа.

Предлог тип: 1 & 5+ (3.40)

 

Чикаго блекхокс – Њујорк ренџерс (02ч)

Ренџерите пред една година ставија крај на низата порази против Чикаго, меѓутоа во „Јунајтед центарот“ последен пат се радуваа во 2015 година. За да не претрпи ново разучарување, екипата од Њујорк ќе треба да ја преслика формата од претходните пет гостински средби кои ги доби со просек од три постигнати погодоци.

Блекхокс минуваат низ кризен период, така барем покажува формата од четири порази и само еден триумф во последните пет дуели. Наместо да се типува победник, овој меч најдобро е да се игра на голови.

Предлог тип: >6,5 погодоци (2.0)

 

Едмонтон ојлерс – Бостон бруинс (02:30ч)

Лидерот на Источната конференција ќе атакува на четврти последователен триумф за да се зацврсти на позицијата. Сепак, Нафташите воопшто не се наивни, кои исто така се во добра форма и ќе сакаат да продолажт со тоа темпо. Пресметките на овие две екипи редовно носат возбудувања, а тоа значи полни мрежи на двете страни и драматични завршници.

Бостон не се грижи што на последните пет гостувања кај Едмонтон издвои само една победа, таа статистика им дава мотив на Пиварите да се покажат во добро светло, па затоа вечерва нема да заминат со наведнати глави.

Предлог тип: X2 (1.64)

 

Анахејм дакс – Флорида пантерс (04ч)

Да стануваше збор за животински документарец, јасно ќе беше дека пантерите како предатори би ги изеле патките, а може да се каже дека тоа се случува и на хокеарските терени. Флорида иако не победува често кога гостува кај Анахејм, барем се држи во битките до самиот крај.

Во првиот овосезонски дуел на овие две екипи се видоа девет гола, последниот беше решавачки во продолженијата во кои славеше тимот на Флорида како домаќин. Формата е загрижувачка за двете екипи, а Анахејм не знае да го брани својот терен.

Предлог тип: >5,5 погодоци (1.60)

 

Колорадо авеланш – Њујорк ајлендерс (04ч)

Еден тим ќе ја прекине мини-серијата од три порази, другиот пак ќе мора да се помири и со четврти пораз во низа. Ако се гледа според тоа кој е домаќин, победа би требало да издвои Колорадо за воедно да избегнат нова бламажа пред своите навивачи.

Островците не може да се пофалат со добра турнеја засега бидејќи трите порази ги претрпеа на гости, а многу лесно може да бидат затрупани од Лавината.

Предлог тип: 1 (2.0)

- Оглас -

Најнови вести