Трагедија – ајкули изеле австралиски фудбалер

Трагичен инцидент со фатален крај се случи во Австралија. Талентиран 21-годишен фудбалер го загуби животот откако се удавил, па телото било изгризано од три ајкули. Остатоци од телото на Ерик Биригити биле најдени на плажа во Западна Австралија, откако се лизнал од карпа и паднал во океанот, па водата го повлекла и тој се удавил.

Другарите на Ерик веднаш побарале помош, а полицијата од 2 јануари веќе трагала по еден друг исчезнат човек кој додека нуркал, го нападнала голема бела ајкула. Тој 57-годишен човек уште не е пронајден, па кога биле најдени делови од телото на фудбалерот, прво се мислело дека е на другиот пријавен исчезнат.

Биригити во фудбалската кариера најголеми успеси оствари со Универзитетот Хестингс од Небраска во САД, со кого освои национална титула, а потоа се врати во родниот Перт за да продолжи професионално да игра.

- Оглас -

Најнови вести