Трагедија: Млада спортистка се самоуби затоа што не можеше да издржи во самоизолација

Страшна вест пристигна од Америка, каде што во градот Стоктон се самоубила талентираната софтбол натпреварувачка Џовијани Џо Смит. Девојчето кое имаше само 15 години се обесило во сопствениот дом. Првичните претпоставки се дека таа едноставно не можела да ги контролира психичките проблеми поради фактот дека мора да биде во самоизолација.

Мајката на починатото девојче вели дека немало оставена никаква проштална порака и засега може само да се претпоставуваат причините поради кои младото девојче решило да крене рака на себе и да си го одземе животот.

По оваа трагедија беше пренесен апел до родителите почесто да разговараат со своите деца за овие нетипични денови кога мора да се почитуваат препораките да се остане дома и да се намали стресот врз нив.

- Оглас -

Најнови вести