Трагедија, почина навивачот на Фулам кој вчера среде меч доби срцев удар

Непријатната случка од вчерашниот меч од англискиот Чемпионшип помеѓу Фулам и Блекпул, доби фатален крај. Од Фулам објавија дека починал нивниот навивач Пол Периш, на кого вчера на трибините на „Крејвен котиџ“ му се слоши, и лекарите 40 минути се обидуваа да го спасат, пред да биде однесен во болница.

Периш кој долги години имал сезонски билети за домашните мечеви на Фулам, претрпел срцев удар, и почина во болница, неколку часа откако му беше укажана прва помош на стадионот во Лондон.

„Со неутешна тага информираме дека нашиот навивач Пол Периш почина. Изразуваме сочувство до семејството и пријателите на Пол“ – информираа од Фулам.

- Оглас -

Најнови вести