Трагедија во Атлетико Мадрид: Почина 14-годишен фудбалер

Денеска е посебно тажен ден за Атлетико Мадрид. Додека во Шпанија се бројат стотиците жртви од Коронавирусот, мадридскиот тим објави дека починал 14-годишниот фудбалер Кристијан Минчола. Засега нема службена потврда за причината на прераната смрт на тинејџерот, но на социјалните мрежи се шират коментари дека Коронавирусот е причина за загубата на младиот живот.

Кристијан бил роден на 19 февруари 2006 година, а од 2013 година прв пат дошол во академијата на Атлетико, што значи дека повеќе од шест години бил дел од школата на Јорганџиите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести