Трагедија во Хрватска, почина познат Ултимејт фајт борец

Голема спортска трагедија се случи денеска во Хрватска, откако почина еден од најдобрите Ултимејт фајт борци, Маро Перак.

Без посебни познати здравствени проблеми, на Перак оддеднаш му се слошило и потоа починал во 40-тата година на животот.

Маро е основач и сопственик на ММА клубот Гладијатор, а последната борба во кариерата ја имаше во 2017 година, кога загуби од Никита Крилов со технички нокаут.

Во кариерата имаше 34 борби со биланс од 26 победи и 8 порази. Еден од најсветлите моменти му е триумфот против познатиот Боб Сап, кој е легенда во ММА спортот.

 

- Оглас -

Најнови вести