Трагедија во Португалија, футсал голман починал неколку часа откако добил удар со топка

Тажна вест стигна од Португалија, еден голман на тамошен футсал тим, починал на 25-годишна возраст и тоа како последица на удар со топка во пределот на абдоменот. Голманот на Центро социјал да Буфарда со стомак го одбранил шутот на противничкиот играч, но тоа се покажало како кобно, иако веднаш добил лекарска помош.

Голманот Рикардо Кошта бил примен во болница во петокот вечерта и го третирале како „лесен“ случај, но неколку часа подоцна работите му се искомпликувале и тој починал.

- Оглас -

Најнови вести