Трагичарот од дуелот со Макаби ја напушти Црвена ѕвезда, се сели во Саудиска Арабија

Српскиот напаѓач Милан Павков веќе не е член на Црвена ѕвезда и договори трансфер во саудискиот клуб Ал-Фајха.

Павков, кој пет сезони беше во редовите на Ѕвезда, им носеше големи радости и многу победи на Црвено-белите, а со клубот се раздели неколку дена по автоголот кој си го даде, со што ја спречи Ѕвезда во обидот да биде дел од Лигата на шампионите.

За Павков, Ѕвезда ќе добие отштета од 1 милион евра, но тоа е многу помалку од парите кои ќе ги заработеа со пласман во ЛШ. Во Ал-Фајха брани Владимир Стојковиќ, а Србин е и тренерот Вук Рашовиќ.

- Оглас -

Најнови вести