Тажна приказна – Почина големиот борец и поранешен играч на Рома

Џозеф Буаси Омбиоњо не го преживеа срцевиот удар и почина на 21-годишна возраст, а неговата приказна е една од најтажните во светот на спортот.

Поранешниот фудбалер на Рома пристигна во главниот град на Италија како мигрант од Камерун и одредено време живеел како бездомник на железничката станица во Рим. Силната желба да успее и страста кон фудбалската игра му донесоа спас и чудесен пресврт во животот, па успеа дури и да стаса до договор со еден од гигантите на италијанскиот фудбал, откако во 2015 година Рома го доведе кај себе, а потоа и потпиша договор со Омбиоњо.

Одредено време тренираше со првиот состав на римската волчица, а потоа замина на позајмица во второлигашот Виченца.

Во февруари годинава се пресели во редовите на романскиот второлигаш Универзитатеа Клуж, но поради пандемијата со Коронавирусот не успеа да забележи ниту еден настап за овој клуб.

- Оглас -

Најнови вести