Трајковски полета за Мадрид, има шанса вечерва да заигра против Реал

Македонскиот напаѓач Александар Трајковски, се најде на листата на играчи на Мајорка, кои се во комбинација за настап на вечерашното гостување кај Реал во Мадрид. Трајковски на средбите на Мајорка обично добива шанса да влезе од клупата за резерви, но можеби вечерва ќе биде изненадување за противникот и ќе се најде меѓу стартерите.

Во авионот со кој Мајорка замина на ова гостување, ги нема Фабрисио и Марк Педраса, додека сите други се најдоа на листата на повикани и ќе се надеваат дека ќе играат против тимот кој дома го шокираа со 1-0 во октомври. Овојпат, на Реал бодовите му се неопходни за враќање на првото место на табелата, а островјаните грчевито се борат за опстанок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести