Трајковски првпат стартер, Алборг победи со 4-0

Алборг немаше проблем во 16-финалето на данскиот куп, и со победа на гости од 4-0 го елиминираше второлигашот Лингби. Во Алборг, за првпат меѓу стартерите беше македонскиот репрезентативен напаѓач, Александар Трајковски, кој неодамна од Мајорка замина како позајмен во данскиот тим.

За жал, Трајковски не беше меѓу стрелците вечерва, но тимот победи без проблем, па мирно може да ја очекуваат ждрепката и името на следниот ривал во осминафиналето.

- Оглас -

Најнови вести