Трансфери: Трипие три години во Атлетико Мадрид, Рома го позајми Манчини

Киран Трипиер ќе игра за Атлетико Мадрид во следните три сезони, а популарните Јорганџии му платија околу 25 милиони евра на Тотенхем за 28-годишниот англиски репрезентативец.

Трипие ќе ја пополни празнината на десната бековска позиција по заминувањето на Хунафран од Атлетико Мадрид.

Во истовреме и Рома се засили, а Римската волчица го доведе талентираниот Џанлука Манчини од Аталанта. Стоперот има само 23 години, а одигра одлична сезона во Бергамо и дури стигна и да дебитира за италијанската репрезентација на дуелот во квалификациите за ЕП 2020 година против Лихтенштајн.

Манчини стигна во Рим како позајмен играч и Рома ќе ѝ плати на Аталанта два милиони евра. Со договорот е предвидено Рома и да го купи Манчини за 13 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести