9.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025

Тренер го одбил Ајакс поради улога во ТВ-серија

Холандскиот гигант Ајакс се наоѓа во најголемата криза во клупската историја и дочека да биде одбиван од тренерите.

Ајакс моменто се наоѓа на последното место на табелата во Ередивизијата, поради што пред неколку дена беше отпуштен тренерот Морис Стајн и управата е во потрага по негов наследник, но доби корпа на првата врата на која тропна.

Моментно Џони ван’т Шип е привремен тренер на Ајакс, а челниците сакаат клубот да го преземе искусниот тренер Хенк тен Кате, кој со клубот во 2007 година триумфира во Купот на Холандија.

https://twitter.com/blue_cfc_/status/1720117392078930017

Но, Тен Кате, кого фудбалските фанови најмногу го паметат како помошник на Франк Рајкард во Барселона, а потоа и како тренер на Челзи, ја одбил понудата на Ајакс бидејќи сака да се посвети на друга професија – актерската.
Имено, тој доби улога на полициски инспектор во холандската ТВ-серија „Слиперс“.

- Оглас -

Најнови вести