Тренер со шампионско реноме ќе го води тимот на Бекам

Како што се наближува стартот на новата сезона во МЛС-лигата, така Дејвид Бекам деноноќно работи на комплетирање на својот клуб. Тимот Интер Мајами од 2020 сезоната ќе дебитира во најсилната американска лига, а легендарниот Англичанец си најде и тренер со шампионско реноме, со кого ќе атакува на први успеси.

Станува збор за Диего Алонсо, уругвајски стратег кој работел во родната држава, Парагвај и Мексико. Со Пачука и Монтереј ја освои титулата во Лигата на шампионите на КОНКАКАФ и тој е единствен тренер со ваков успех остварен со два различни клубови. Поголемиот дел од играчката кариера ја помина во Шпанија. Алонсо ги бранеше боите на: Валенсија, Атлетико Мадрид, Малага, Мурсија и Расинг Сантандер.

Новата сезона во МЛС-лигата почнува на 29 февруари, а Бекам веќе го состави тимот во кој поголем дел се Американци, Канаѓани и Аргентинци, а се очекуваат и звучни искусни имиња од европската сцена.

- Оглас -

Најнови вести