Тренерот го молеше судијата да го продолжи мечот (Видео)

ЦСКА Софија и Лудогорец ремизираа 1-1 во дербито од бугарското првенство. Овој резултат многу повеќе оди во полза на гостите, бидејќи Лудогорец остана лидер со шест бода повеќе од ЦСКА по 18 одиграни меча.

И на вчерашното дерби, Лудогорец прв даде гол. Гостите имаа предност на полувремето, а ЦСКА успеа да израмни со погодок во 67-мата минута. Домаќините со сите сили се обидуваа да направат целосен пресврт. Во 90-тата минута, Лудогорец остана со играч помалку, но ЦСКА немаше време да даде втор гол.

Судијата покажа дека ќе се играат само две минути продолжение, а тоа многу го разочара домашниот тренер Нестор Јевтиќ. Стратегот на ЦСКА е роден во Белград, но самиот себеси се нарекува Ел Маестро Нестор и се води како британски државјанин. Тој реши на необичен начин да побара судиското надополнување да биде повеќе од две минути, па клекна на колена и го молеше судијата.

https://twitter.com/twitter/statuses/1070800108277694464

 

- Оглас -

Најнови вести