Тренерот на Ајакс: Се виде дека Јувентус ни се плаши, така беше и со Реал Мадрид

Ајакс покажа дека има тим од светска класа откако успеа во Торино да го победи Јувентус со 2-1, иако домаќините имаа предност од 1-0. Со овој триумф, Ајакс се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите. Тренерот на некогашниот четирикратен европски првак, Ерик тен Хаг, вели дека италијанскиот шампион се плашел од Ајакс.

„Ова е неверојатно за нашиот клуб, за играчите, но и за цел холандски фудбал. Повторно исфрливме еден фаворит за титулата. Покажавме дека со нашата филозофија може да одиме и над нашиот лимит. Се виде дека Јувентус ни се плаши, така беше и со Реал Мадрид. Тешко е да се игра против нашиот стил на игра. Имаме многу талентирани играчи со неверојатна техничка подготвеност. Играме одличен пресинг“, објаснува стратегот на Ајакс, Тен Хаг.

Иако тргна од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, Ајакс сега ќе игра во плуфиналето, и тоа благодарение на неверојатните игри. Во групната фаза тимот немаше ниту еден пораз, а во нокаут-рундите ги елиминира Реал Мадрид и Јувентус, и тоа со победи на гостински терен.

- Оглас -

Најнови вести