Тренерот на Ал Наср тврди: Роналдо ќе се врати во Европа!

Тренерот на Ал Наср, Руди Гарсија, рече дека Кристијано Роналдо нема да ја заврши кариерата во овој саудиски клуб, и најави враќање на Португалецот во Европа.

Се шпекулира дека Роналдо во следната сезона ќе игра за Њукасл, но само доколку овој англиски клуб избори место во Лигата на шампионите. Газдите на Њукасл се од Саудиска Арабија, тие се блиско поврзани со челниците на Ал Наср, па наводно имало клаузула во договорот на Роналдо, тој летово да се пресели кај Чавките, ако тие сезонава завршат на една од првите четири позиции во Премиер лигата.

Има шпекулации и дека Роналдо кој докажа дека сака да менува лиги и да се нафаќа на нови предизвици, има желба кариерата да ја заврши во некој клуб од САД.

„Кристијано е еден од најдобрите фудбалери на светот. Тој дефинитивно нема кариерата да ја заврши во Ал Наср. Сигурен сум дека ќе се врати во Европа“ – изјави Гарсија.

- Оглас -

Најнови вести