Тренерот на Динамо не го пушта Адеми да си оди

Динамо Загреб го совлада градскиот ривал Локомотива со 2:1 во хрватскиот шампионат и ја задржа предноста од седум предност на табелата пред Хајдук.

Првиот гол го постигна капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски, а покрај него, целиот натпревар го одигра и вториот репрезентантивец, Аријан Адеми.

Адеми изминатата недела беше во центарот на хрватската јавност бидејќи се поврзуваше со трансфер во Шпанија и во Турција, а по победата над Локомотива, тренерот на Динамо, Анте Чачиќ, уште еднаш потврди дека сака Македонецот да остане на „Максимир“.

„Бев јасен пред десет дена. Од Динамо може да си замине само голманот Ливаковиќ, а сите други остануваат. Без разлика на понудите, немаме намера да го пуштиме Адеми да си замине. Не можеме да останеме без капитенот“, изјави Чачиќ по натпреварот против Локомотива.

- Оглас -

Најнови вести