Тренерот на Лајпциг со демант дека ќе биде наследник на Флик во Баерн

Јулијан Нагелсман, тренерот на Лајпциг, ги демантираше информациите дека ќе го наследи Ханси Флик на клупата на Баерн Минхен по крајот на оваа сезона. Нагелсман вели дека не постои никаков контакт со Баварците и покрај тоа што германската легенда Лотар Матеус тврдеше дека се почнати преговори.

„Не постојат преговори меѓу мене и Баерн. Тоа можам да го кажам и за мојот агент. Не знам од каде Матеус ги има овие информации, но ја сум врзан до јуни 2023 година со Лајпциг и засега тоа нема да се смени“, посочи 33-годишниот стратег.

Баварците вчера го завршија походот кон одбрана на титулата во ЛШ, остана само да се обезбеди титулата во Бундеслигата, а наводно управата веќе размислува да го смени Флик, кој се поврзува со репрезентацијата на Германија и е можен наследник на Јоаким Лев.

- Оглас -

Најнови вести