Тренерот на МЗТ Скопје задоволен од прикажаната игра и покрај поразот од Црвена звезда

МЗТ Скопје со пораз од Црвена звезда од 87-67 се врати во регионалната АБА лига по пауза од четири години.

Тренерот на МЗТ Скопје, Александар Петровиќ и покрај високиот пораз од 20 поени разлика, е задоволен од прикажаната игра на неговите кошаркари.

– Честики за победата на Црвена звезда. Ние игравме колку што можевме против силен евролигашки тим. Бевме подобри во одбраната отколку во нападот. Нападот ни затаи, имавме пропусти, но задоволен сум од односот на играчите. Пред сè, го контролиравме скокот, но имавме загубени топки кои искусен тим како Црвена звезда ги искористи и тука го гледам поразот. Игравме без двајца играчи, Еван Максвел и Адем Мекиќ кои се повредени. Амбициите на МЗТ Скопје се опстанок во АБА лигата.

МЗТ Скопје во второто коло во АБА лигата, на 10 октомври во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречека вториот тим што од регионалната лига ќе игра во Евролигата, Партизан.

- Оглас -

Најнови вести