Тренерот на Реал изненади со изјавата по мечот со Борусија Менхенгладбах

Реал Мадрид до 87-мата минута губеше со 2:0 на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах, но на крајот стигна до 2:2 и го освои првиот бод по две кола во Лигата на шампионите. Тренерот на Кралскиот клуб, Зинедин Зидан, вели дека не очекувал ваква драма, но и дека е сигурен дека Реал ќе ја помине групната фаза.

„Не очекувавме дека ќе биде олку неизвесно. Во првото полувреме игравме добро, а голот го примивме од првата нивна шанса. Тоа што успеавме да се вратиме во игра го покажува карактерот на овој тим. Секогаш сакаме да победуваме и не сме среќни со нерешено. Сепак, знаеме дека со ваква игра ќе ја поминеме групната фаза. Тоа што екипата го покажува на теренот е многу добро и најважно е што се борат до крајот. За сите нас ова ќе биде тешка сезона, но денеска мора да бидеме горди. Заслуживме повеќе од нерешено на овој меч“, рече Зидан по ремито во Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести