Тренерот на Спортинг најави оставка ако во тимот му го донесат Кристијано Роналдо

Шансите на Кристијано Роналдо да си замине од Манчестер јунајтед се намалуваат со секој изминат час и ден, се шпекулира дека му останаа полуотворени само опциите да се пресели во Наполи, Челзи или Спортинг Лисабон.

Во Наполи се заинтересирани да го донесат на позајмица, особено ако си замине Виктор Осимен, а проблем за премин со Челзи или Спортинг се тренерите. Рубен Аморим кој седи на клупата на лисабонските Лавови, дури и се закани дека ако му го донесат Роналдо, ќе си даде оставка.

Сепак, денеска Аморим беше прашан дали останува на истиот став, но веќе омекна.

„Не гарантирам ништо. Роналдо е играч на Манчестер јунајтед и мислам дека ќе остане таму“ – рече Аморим, кој во минатото играше со Роналдо во португалската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести