Новиот тренер на ФК Вардар, Кристијан Фабијани, по поразот дома од фински КуПС во квалификациите од Лигата на шампионите рече дека неговиот тим играл добро додека не примил гол за 0-1.
„До тој прв гол игравме добар фудбал. Потоа се случи тоа што се случи. Подготовките поминаа добро, беа успешни затоа што беа базирани на физичка подготовка. Пред нас е многу работа. Не би менувал нешто драстично… еден месец не е доволно за да се постигне она што го посакуваме. Не го дадовме голот којшто го посакувавме. Свесен сум што е Вардар за Скопје и за Македонија. Одиме таму да играме фудбал. Треба да го смениме чипот. Одиме на гости да направиме чудо. Самите сме виновни, не дека противникот нè натера да направиме грешки“, рече Аргентинецот Фабијани, кој го оправда стартот за црвен картон на Босанчиќ, коментирајќи дека сакам такви играчи кои не се штедат и играат со срце.

