Трета среќа за Русија во Дејвис купот

Русија е освојувач на овогодишниот Дејвис куп откако во финалето ја совлада Хрватска со 2:0.

Руската тениска федерација, името под кое настапуваат тенисерите од оваа држава поради голем број допинг-скандали, генерално во олимписките спортови во оваа држава сè уште се под казна од ИОК.

Сепак, тоа не им пречеше на Русите да се радуваат на третата титула откако вчера за првпат влегоа во финалето по пауза од 14 години.

На турнирот, кој се играше во Мадрид, Андреј Рубљев со 6:4, 7:6 го победи Борна Гојо, за потоа Данил Медведев да слави над Марин Чилиќ со 7:6, 6:2.

 

- Оглас -

Најнови вести