Трети погодок на Трајковски сезонава во Премиер лигата на Саудиска Арабија

Ал Фајха го победи Ал Фатех со 3-0 во дуел од Премиер лигата на Саудиска Арабија, а најрасположен поединец кај победниците беше Александар Трајковски.

Алекс најпрвин му асистираше на Виктор Руиз за голот за 2-0, а во финишот на средбата, македонскиот напаѓач даде гол за конечни 3-0. За Трајковски ова е трети погодок сезонава во саудиското првенство.

Со оваа победа, Ал Фајха е блиску до обезбедување опстанок во лигата, на четири кола до крај е на седум бода над опасната зона на табелата.

Погледнете го супер голот на Трајковски:

https://twitter.com/i/status/1655997893390606365

- Оглас -

Најнови вести