Трети пораз во три контроли за Вардар во Анталија

Вардар загуби од ТСЦ Бачка Топола со 1-2 во третата контрола на најтрофејниот македонски фудбалски клуб на зимските подготовки во Анталија. После поразите од големи имиња како сплитски Хајдук и Динамо Киев, денеска „црвено-црните“ загубија од екипата која е на петто место во српската суперлига.

Тимот од Бачка Топола по првото полувреме водеше со 1-0, потоа зголеми на 2-0, а Вардар со гол на Колевски само го ублажи поразот.

Следната контрола е на 29 јануари против Црвена ѕвезда, додека на 2 февруари Вардар ќе има полесен противник, Борац Бања Лука.

- Оглас -

Најнови вести