Тргна од својата половина и даде гол (Видео)

Репрезентацијата на Колумбија лесно со 3:0 славеше против Венецуела во првото коло од јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во 2022 година. Уште во првото полувреме Колумбија ги реши сите дилеми, постигнувајќи ги трите гола кои беа дело на играчи на Аталанта.

Луис Муриел погоди два пати, а еднаш прецизен беше Запата. Од сите три погодоци, посебно спектакулатен беше тој во судиското надополнување од првиот дел за 3:0. Муриел прими топка во својата половина и успеа да истрча 60-тина метри, а потоа и да го матира гостинскиот голман.

На клипот може да ги погледнете двата гола кои ги постигна Муриел на дуелот против Венецуела.

https://youtu.be/jIRR_DmOHBs

 

- Оглас -

Најнови вести