Три варијанти за продолжување на шпанската лига, најрано на 28 мај

Претседателот на шпанската фудбалска лига, Хавиер Тебас, ја исклучи можноста првенството да продолжи пред крајот на месец мај, но изрази уверување дека сезоната 2019/2020 ќе биде доиграна. Шпанскиот фудбал е запрен на неопределено време, во земјата има многу мртви од коронавирусот и вонредна состојба, која ќе остане на сила најмалку до 26 април.

Тебас на видеоконференција за медиумите кажа дека лигата разгледува разни варијанти и истакна дека речиси сигурно средбите ќе се играат без присуство на публика. Минималната финансиска загуба ќе биде 150 милиони евра (ако средбите се играат со публика), 300 милиони се губитоците ако се игра без публика, а потенцијално сумата може да отиде дури и на 1 милијарда, ако мечевите воопшто не се доиграат.

Здравјето на луѓето е на прво место, па затоа и на тимовите ќе им се дадат барем две недели за подготовки пред продолжување на сезоната.

„Се надевам дека тимовите со тренинзи ќе може да почнат околу 26-ти април. Ќе видиме како ќе се развиваат работите, разгледуваме неколку сценарија. Имаме три датуми кога лигата би можела да почне, а тоа се 28 мај, 6 јуни и 28 јуни.

- Оглас -

Најнови вести