Тринкиери: Мразам Нова година и пластична еуфорија, ќе си легнам во 22 часот

Андреа Тринкиери не е љубител на општонародни веселби по повод испраќањето на старата и пречекот на новата календарска година. Тренерот на кошаркарскиот клуб Партизан рече дека за Божиќ ќе биде во Белград со неговите деца кои му дојдоа на гости од Италија, но тој лично мрази прослави на новите години.

„Мразам дочек на Нова година. Планот ми е на 31 декември во 22 часот да одам на спиење. Ме нервира таа пластична еуфорија околу прославата, како да не можам убаво да си поминам и на 1 јануари вечерта на пример. За Бадник ќе бидам дома, ќе јадеме риба. Јас сум готвач, го сакам готвењето, ме рекласира, а кошарката ми е хоби“, вели Тринкиери.

Италијанскиот стручњак за Нова година на своите играчи би им подарил шлемови бидејќи им биле потребни на некои гостински мечеви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести