Трипл дабл на Леброн и чуден пресврт во последните две и пол минути (Видео)

Лос Анџелес лејкерс победи на гостувањето кај Сан Антонио во еден од поинтересните мечеви кои ноќеска се одиграа во НБА лигата. Во текот на целиот меч, двете екипи се менуваа во водство и јасно беше дека победникот ќе се решава во последните минути.

На две и пол минути до крајот, Сан Антонио имаше предност од 103:100, но потоа се случи мало чудо. До крајот на средбата домаќините не успеаа да постигнат ниту еден поен, а Лејкерс со добра игра во нападот направи серија од 9:0 и на крајот гостите се радуваа на триумф од 109:103.

Дуото Леброн Џејмс – Ентони Дејвис повторно беше незадржливо за противниците. Леброн мечот го заврши со трипл-дабл од 26 поени, 11 скока и 10 асистенции, а ништо полош не беше ни Дејвис кој на крајот имаше 34 поени, 11 скока и пет асистенции. За Лејкерс ова беше четврта победа во шестиот меч сезонава, додека Сан Антонио загуби трет пат, во пет одиграни средби сезонава.

 

Резултати: Шарлот – Мемфис 93:108, Далас – Мајами 93:83, Детроит – Бостон 96:93, Бруклин – Аталанта 96:114, Милвоки – Чикаго 126:96, Минесота – Вашингтон 109:130, Сан Антонио – Лос Анџелес лејкерс 103:109, Денвер – Феникс 103:106, Јута – ЛА Клиперс 106:100, Голден Стејт – Портланд 98:123.

 

- Оглас -

Најнови вести