Тројка од пола терен преку човек за пласман во финалето на НЦАА лигата (Видео)

Универзитетот Гонзага се пласираше во финалето на НЦАА шампионатот, откако во неверојатен меч го победи славниот УКЛА универзитет со 93:90. Мечот беше решен дури по продолжение откако во регуларниот дел беше нерешено. И во дополнителните 5 минути беше драматично до крајот.

Гонзага водеше со 90:88, а УКЛА израмни на 3,3 секунди до крајот. Кога се мислеше дека ќе има ново продолжение, Џален Сугс ја зема топката, истрча до противничката половина и преку раката на противничкиот играч шутираше, погодувајќи тројка од табла, за пласман во финалето.

Во финалето, Гонзага ќе игра против Бејлор, кој во полуфиналето без многу мака го победи Хјустон. Мечот за титулата ќе се игра во во среда наутро во 3:30 часот по македонско време.

 

- Оглас -

Најнови вести