Тројката на Џејмс за победа на Милано е потег на колото во Евролигата (Видео)

Тројката со која американскиот бек Мајк Џејмс му донесе минимална победа на Армани Милано од 81:80 над Анадолу Ефес, беше потег на колото во Евролигата. Гостите од Истанбул имаа предност од два поени разлика и решија да го бранат последниот напад. Василије Мициќ беше блиску до крадење на топката, но Џејмс некако да задржа кај себе, му се отвори простор, шутна за тројка и погоди.

До пред оваа тројка, Џејмс имаше само една погодена тројка од девет обиди. Но, упорноста му се исплатеше. Втората тројка од десеттиот обид му донесе победа на својот тим, а откако реализираше, тој полн со себе, порача: „Ова е мој град“.

Вака изгледаше потегот на колото:

 

- Оглас -

Најнови вести