Тројца заразени во редовите на Сакраменто, сите ќе играат во Орландо

Сакраменто кингс потврди тројца заразени кошаркари со ковид-19, меѓу кои е и Бади Хилд, освојувачот на титулата во шутирање тројки на последниот Олстар-викенд. Останатите двајца се Алекс Лен и Џабари Паркер, кои се веќе сместени во самоизолација и се третираат.

Кошаркарите најавија дека нивна цел е тие да отпатуваат за Орландо откако ќе оздрават, за да може да учествуваат во рестартот на сезоната кој е предвиден за 30 јули. НБА-лигата ќе се доигра во „Светот на Дизни“ по нов формат со 22 екипи, Сакраменто ќе се обиде да избори место во разигрувањата, а моментално Кралевите имаат учинок 28-36.

- Оглас -

Најнови вести