Цел живот е во Барселона, но изгледа и нему му дојде редот да си замине

Љубовта меѓу Барселона и Серхио Бускетс е при крај. Играчот за врска целата досегашна кариера ги брани боите само на еден клуб, а тоа е Барселона. Токму затоа тој ја има честа да биде еден од оние кои ја носат капитенската лента во екипата.

Пред неколку месеци Бускетс јавно кажа дека се согласува да му биде намалена платата, сакајќи да покаже дека е лидер во екипата и кога е најтешко. Сепак, сега е сè поверојатно дека по завршувањето на договорот што го има, а тоа е јуни 2023 година, Бускетс ќе си најде нов клуб и ќе ја заврши верноста со Каталонците.

Во досегашниот дел од криерата, Бускетс има одиграно вкупно 676 меча за Барселона, период во којшто има освоено три титули во Лигата на шампионите, осум трофеи во Примера дивисион и уште многу други пехари во најзначајните натпреварувања.

Се очекува следното лето да си замине од Барселона, па дури веќе се најавува и неговиот следен клуб. Интер од Мајами е најсериозна дестинација за искусниот играч од средниот ред, а сега и клуб кој може да му понуди добра плата.

- Оглас -

Најнови вести