Цели 57 години одбраната на Манчестер не била толку лоша!

Аталанта води со 2:0 по првото полувреме против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, што е знак дека нешто не е како што треба во редовите на англискиот гигант. Гостите од Бергамо постигнаа два гола, и тоа во првите 30 минути. Пашалиќ и Демирел го матираа Де Хеа, а погодоците може да ги видте ТУКА.

Ова е 12-ти натпревар во низа на кој Манчестер јунајтед не успева да ја сочува својата мрежа незатресена. Тоа е најлоша серија за Црвените ѓаволи во последните 57 години. Последен пат Манчестер да прими барем еден гол на 12 меча по ред на свој терен се случило во далечната 1964 година, кога 13 средби по ред примале гол дома.

- Оглас -

Најнови вести