Центаршут или удар, важно Вас ја спаси Валенсија од пораз (видео)

Валенсија и Челзи ремизираа при конечни 2-2 во драматичниот натпревар кој се одигра на „Месталја“. Дуелот од петтото коло во Лигата на шампионите не донесе победник, па така настана уште поголема мешаница во пресрет на одлучувачкото коло по кое ќе се знаат патниците во нокаут фазата од групата Х.

Средбата стартуваше со висок интензитет, а домаќините притискаа за рано да ја затресат мрежата на Кепа. Гомес имаше златна прилика да го стори тоа во 19-тата минута, за среќа на Сините тој ја промаши целата топка.

Валенсија поведе преку Солер во 40-тата минута, а веќе во следниот напад гостите од Лондон израмнија преку Ковачиќ. Челзи до паузата можеше да дојде до комплетен пресврт преку новата шанса на хрватскиот играч за врска, но и Силесен беше на ниво на задачата. Голот за 2-1 во корист на Сините го постигна Пулишиќ во 50-тата минута, по долгата проверка на ВАР системот судијата Звајер го потврди голот на гостите.

Валенсија доби прилика од пенал да израмни, меѓутоа ударот на капитенот Парехо го одбрани Кепа во 65-тата минута. Притисокот на Лилјаците продолжи, па до израмнување и спас од пораз дојдоа преку Даниел Вас и неговиот необичен центаршут, кој заврши во мрежата со помош на дирекот.

До дуелот меѓу Ајакс и Лил, Валенсија и Челзи ги држат првите две позиции во групата Х со по 8 бода.

https://twitter.com/fawazgoals/status/1199775611297968128

Зенит со победата од 2-0 против Лион се наметна во битката за пласман во нокаут фазата.

- Оглас -

Најнови вести