Ципрас: Благодарение на Адетокумбо се намали расизмот во Грција

Додека се подготвува за изборите на 7 јули, актуелниот грчки премиер Алексис Ципрас во едно интервју зборуваше на спортски теми, а неизбежно беше и спомнувањето на Јанис Адетокумбо, кој е еден од најдобрите кошаркари на светот.

Адетокумбо е еден од првите Африканци родени во Грција кои добиле грчко државјанство. Законот кај нашиот јужен сосед се смени, но тоа што некој е роден во Грција, а има родители странски имигранти, не значи дека автоматски ќе добие грчко државјанство.

„Адетокумбо е посебен случај. Тој нè натера поинаку да гледаме на децата кои се родени во Грција, а имаат потекло од други земји. Мислам дека е најдобар играч во НБА. Кога имам време, ги гледам неговите мечеви. Јанис е добар пример дека не треба да бидеме расисти и против давањето грчки пасош на децата на имигрантите. По неговото појавување, се смени климата во Грција по тоа прашање. Сите сме горди што тоа дете го вее грчкото знаме и ја пее химната“, рече Ципрас.

- Оглас -

Најнови вести