Циркусот Медрано пристигна во Бразил – Направија пресврт, па исклучија струја и мистериозно ги снема децата што враќаат топки (Видео)

Жуазеиренсе и Спорт Ресифе одиграа меч во купот на Бразил што крена многу прашина, а во серија се случуваа чудни работи. Особено откако домаќините успеаја да направат пресврт и негативата од 1:2 да ја претворат во победа од 3:2.

Тој резултат што е и конечен ќе го осопорат гостите, кои најавија жалба на однесувањето на домаќините. Во 67. минута Жуазеиренсе, екипа што игра во четвртата лига на Бразил поведе со 3:2 и во последните половина час се случуваа чудни работи.

Најпрво снема струја на стадионот, потоа мистериозно ги снема децата што ги враќаат топките од аут, па гостите, кои беа големи фаворити мораа самите да трчаат по нив. Имаше и долго задржување на играта, поради симулирањето на домашните играчи, па мечот беше продолжен.

Во еден момент проработеа и прскалките на теренот, а веројатно најкомичната ситуација беше заглавеното возило за брза помош, кое не можеше веднаш да пристигне за да му се укаже помош на еден од играчите на Жузеиренсе.

Видеоматеријалот со неколку чудни ситуации на дуелот меѓу нисколигашот и прволигашот во бразиулскиот куп можете да ги погледнете ОВДЕ.

 

 

- Оглас -

Најнови вести