Циркузот продолжува: Навивачите на Челзи незадоволни и од новиот менаџер (фото)

Челзи со Томас Тухел на кормилото тргна со реми без голови на домашен терен против Вулверхемптон, партија во која Сините не покажаа ништо ново со оглед на тоа дека новиот менаџер немаше многу време за промени.

На теренот екипата на Челзи изгледаше бледо и не креираше многу шанси иако доминираше во текот на средбата, по што група навивачи веднаш го изразија незадоволството.

Утрово пред портите на „Стемфорд бриџ“ беше поставен транспарент со натпис „циркузот продолжува“, што е јасно дека навивачите не се задоволни од смената на Лампард и ангажманот на германскиот стратег, кој допрва треба да воведе реформи во составот.

Челзи остана на осмото место со 30 бода, исто колку што има и Арсенал по 20 одиграни натпревари, што е јасен показател дека тимот од западниот дел на Лондон е далеку од трката за титулата, како и од четирите местата кои водат во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести