Циципас мрази да губи, ама Надал уште помалку

Рафаел Надал го совлада Стефанос Циципас со 6-7, 7-5, 7-6, во финалето на егзибицискиот турнир во Абу Даби, и најави дека е во добра форма пред почетокот на новата година во која треба да го брани врвот на АТП листата. Мечот траеше три часа и 15 минути.

Шпанецот Надал по шести пат во седумте меѓусебни дуели го победи Гркот Циципас, а ова беше еден од најнеизвесните мечеви кои ги одиграле. За Надал, ова е петта титула во Абу Даби, но ова е турнир на кој се добива парична награда, не и поени за ранг-листата.

Третото место на турнирот му припадна на Новак Ѓоковиќ кој во утешниот меч го победи Карен Хачанов.

- Оглас -

Најнови вести