Циципас полуфиналист, веројатно се моли ривал да не му биде Ѓоковиќ

Гркот Стефанос Циципас за помалку од два часа игра, со 7-5, 6-2, 6-3 го совлада Русинот Андреј Рубљов во четвртфиналето на Ролан Гарос и по вторпат во кариерата (играше и во Австралија во 2019) се најде во полуфинале на еден гренслем-турнир.

Петтиот носител Циципас во полуфиналето во Париз ќе игра со првиот носител Новак Ѓоковиќ или со Шпанецот Пабло Карењо Буста.

Пред десет дена, 22-годишниот Циципас загуби од Рубљов во финалето во Хамбург, но сега му се реваншира.

Гркот има серија од 15 добиени сета по ред на Ролан Гарос, откако во првото коло ги загуби првите два сета и беше пред пораз. За Рубљов ова е само шести пораз годинава.

- Оглас -

Најнови вести